ПРВ.мк
Македонија

АЛАРМАНТНО ВО КУМАНОВО: Второ труење на двегодишно дете за само две недели

АЛАРМАНТНО ВО КУМАНОВО: Второ труење на двегодишно дете за само две недели

Двегодишно дете од Куманово било хоспитализирано откако се затруло со лекови, информираат од полицијата и Општата болница во Куманово.

Случајот бил пријавен вчера во 14:28 часот во СВР Куманово од лекар од болницата, откако детето било донесено за медицинска помош.

Од Општата болница потврдуваат дека детето било примено на Одделението за педијатрија, каде што му била укажана потребната помош. Неговата состојба дозволила денеска да биде пуштено на домашно лекување.

Од СВР Куманово соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои дошло до труењето.

Ова е втор ваков случај со двегодишно дете во Куманово за само две недели. Кон крајот на јули друго двегодишно дете било затруено откако испило средство за разредување боја.

И во текот на минатата година во кумановскиот регион биле регистрирани повеќе случаи на труење кај деца со лекови, средства за чистење и дезинфекција.