ПРВ.мк
Македонија

Силјановска-Давкова со две клучни пораки што можат да ја променат политичката сцена - Ова се деталите

Силјановска-Давкова со две клучни пораки што можат да ја променат политичката сцена - Ова се деталите
Kristal

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, по остварувањето на своето право на глас во основното училиште „Коле Неделковски“ во општина Центар, изјави дека очекува денот да биде мирен и изборите да завршат достоинствено, по што градоначалниците и советниците ќе се фокусираат на реална работа за граѓаните.

Таа испрати две клучни пораки — првата, дека на локални избори треба да гласаат само луѓе кои имаат постојано живеалиште во општината, и втората, упатена до жените кои ретко се одважуваат на кандидатура за градоначалничка позиција.

„Она што ќе си го дозволам да го изјавам е нешто што е крајно невообичаено во Европа и во светот, а редовно кај нас. Во европските држави на локални избори гласаат само луѓе кои имаат постојано живеалиште во општината. Ние имаме парадокс — доаѓаат за еден час луѓе кои веќе гласале во Австрија, Франција, Швајцарија и ги избираат нашите градоначалници. Тоа е непознат демократски феномен,“ истакна Силјановска-Давкова.

Во однос на малата бројка на жени кандидатки, претседателката нагласи дека, иако имале можност да се кандидираат само со два потписа, жените не ја искористиле шансата.

„Ние жените сме одговорни суштества. Секогаш размислуваме дали сме најдоброто решение, дали ќе можеме да одговориме на предизвикот без поддршка. Но тоа мора да се смени. Постојат елементи на патријархална политичка култура што уште влијаат врз нас,“ рече Силјановска-Давкова, додавајќи дека оваа ситуација треба да биде „лекција за иднината“.

Изборната кампања, според неа, била „релативно пристојна и со респект“, без големи инциденти и со повеќе фокус на проекти отколку на лични напади. Таа како позитивен пример го посочи однесувањето на Бујар Османи, оценувајќи го како пример на фер и демократско однесување.

Escape