ПРВ.мк
Македонија

600 ПАТРОНИ ПРОНАЈДЕНИ ВО АВТОБУС НА „ДУРМО ТУРС“ – Обвинителството отвори истрага за двајца осомничени!

600 ПАТРОНИ ПРОНАЈДЕНИ ВО АВТОБУС НА „ДУРМО ТУРС“ – Обвинителството отвори истрага за двајца осомничени!
Kristal

Автобус на компанијата „Дурмо Турс“ бил запрен на граничниот премин Табановце, откако во него била пронајдена муниција, објави Алсат ТВ. По настанот, Јавното обвинителство потврди дека е поведена истрага против две лица, на кои им се определени мерки на претпазливост.

Според информации од Царинската управа, мобилни екипи при контрола на автобусот пронашле околу 600 патрони со калибар за лесно и долго оружје. Неофицијално, муницијата му припаѓала на еден од возачите, кој ја криел на посебно место во возилото.

Од обвинителството потврдуваат дека постапката е во тек:

„ОЈО Куманово поведе истрага против две лица, на кои по предлог на обвинителот им се определени мерки на претпазливост. Продолжуваат да се спроведуваат дејствија за целосно расчистување на настанот и испитување на потенцијална инволвираност и на други лица“, соопштија од обвинителството.

Надлежните исто така нагласуваат дека се работи на целосно утврдување на потеклото на муницијата, нејзината намена и евентуалната вмешаност на други лица.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo