Под влијание на влажен бран што пристигнува од Медитеранот, до сабота нашето подрачје ќе биде зафатено со променливо облачно време и повремени врнежи од дожд.
Најинтензивни врнежи се очекуваат во текот на ноќта и утрешниот ден, особено во западните региони од земјата, каде локално може да наврнат и над 25 литри дожд на квадратен метар.
Според најавите, утре ќе дува умерен југоисточен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.