ПРВ.мк
Македонија

УЈП со важно известување за сите што скенираат фискални сметки

УЈП со важно известување за сите што скенираат фискални сметки

Апликацијата „МојДДВ“, преку која граѓаните скенираат фискални сметки и остваруваат поврат на дел од ДДВ, утре привремено ќе биде недостапна поради планирана техничка надградба на системот.

Од Управата за јавни приходи информираат дека прекинот ќе започне на 23 јуни во 12:00 часот, кога ќе стартува процесот на миграција на апликацијата на нова информатичка инфраструктура.

Според УЈП, надградбата е дел од активностите за модернизација на системот и има за цел да обезбеди поголема сигурност, подобра стабилност и поефикасно функционирање на апликацијата во иднина.

За време на техничките активности, корисниците нема да можат да пристапат до „МојДДВ“ ниту да скенираат фискални сметки. Апликацијата повторно ќе биде ставена во функција веднаш по завршувањето на миграцијата и успешното тестирање на новиот систем.

Од Управата за јавни приходи апелираат до граѓаните за разбирање и трпение, нагласувајќи дека ваквите активности се неопходни за подобрување на квалитетот и сигурноста на дигиталните услуги.

„МојДДВ“ е една од најкористените електронски услуги на УЈП, преку која граѓаните остваруваат право на поврат на дел од платениот данок на додадена вредност со едноставно скенирање на фискалните сметки.