ПРВ.мк
Македонија

УХМР ПРЕДУПРЕДУВА – Доаѓа топлотен бран, температурите ќе достигнат 40 степени

УХМР ПРЕДУПРЕДУВА – Доаѓа топлотен бран, температурите ќе достигнат 40 степени

Македонија ја очекува нов топлотен бран, а во првата декада од август температурите во одделни делови од земјата ќе достигнат и 40 степени Целзиусови, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според прогнозата, утре времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринските температури ќе бидат најниски во Берово, каде се очекуваат околу 11 степени, додека највисоките дневни температури ќе достигнат 38 степени во Гевгелија и Велес.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со слаб променлив ветер, а максималната дневна температура ќе се искачи до 35 степени.

Од УХМР најавуваат дека во наредните денови, под влијание на топла воздушна маса, ќе следува период на сончево и многу топло време. Најизразени горештини се очекуваат во првата декада од август, кога во одделни региони температурата локално ќе достигне 40 степени Целзиусови.

Надлежните препорачуваат граѓаните во најтоплиот дел од денот да избегнуваат подолг престој на отворено, да внесуваат доволно течности и да ги следат препораките за заштита од високите температури.