ПРВ.мк
Македонија

ОД ОХРИД ДО ЕВРОПА БЕЗ ПРЕКИН! Стартува нова авионска линија што сите ја чекаа

ОД ОХРИД ДО ЕВРОПА БЕЗ ПРЕКИН! Стартува нова авионска линија што сите ја чекаа

Започнува нова директна авиоврска меѓу Охрид и Виена, со што патниците од југозападниот регион на Македонија добиваат значително полесна можност за патување кон главниот град на Австрија.

Новата линија ќе ја опслужува авиокомпанијата „Остријан ерлајнс“, а нејзиното воведување се смета за важен чекор во подобрувањето на поврзаноста на Охрид со европските дестинации. Се очекува оваа авиоврска да придонесе за поголем проток на патници, како и за зајакнување на туристичките и економските односи.

По повод првиот лет од Виена, на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид ќе биде организиран свечен настан на кој ќе присуствуваат претставници од воздухопловниот сектор, австриската амбасада и авиокомпанијата.

Новата линија ќе им овозможи на патниците не само директен пристап до Виена, туку и поврзување со бројни светски дестинации преку мрежата на „Луфтханза груп“.

Од аеродромските власти очекуваат дека оваа врска ќе придонесе за зголемување на бројот на туристи во регионот, како и за дополнително унапредување на меѓународната поврзаност на Охрид.

Со оваа авиолинија се отвора нова фаза во развојот на воздушниот сообраќај од Охрид, со цел да се олеснат патувањата и да се зголемат можностите за граѓаните и посетителите.