Во пресрет на новогодишните празници, Струга блеска во бајковит амбиент, создавајќи магична атмосфера за граѓаните и туристите. Овој пат, компанијата Небизи Ритејл се погрижи паркот кај обиколницата од Струга кон Ќафасан да добие целосно новогодишно издание, со декорации кои потсетуваат на приказни од детството и зимски бајки.

Граѓаните и посетителите се воодушевени од трансформацијата и коментираат дека градот е „подобро украсен од Скопје“, дека „како да си во Берлин“ и дека ова е „одличен потег кој и носи радост на Струга“.

Новогодишната еуфорија веќе се чувствува низ градот – се организираат претпразнични забави, а хотелиерите очекуваат полни туристички капацитети. Особено е забележително присуството на туристи и на оние жители кои работат во странство, а празниците ги минуваат во родното место.

Со оваа празнична магија, Струга се наметнува како една од најатрактивните дестинации на југозападот, привлекувајќи вниманието со убавината на новогодишните декорации и топлината на локалното гостопримство.

















