Николче од КЕЦ Битола покажa пример на вистинска хуманост и професионалност, спасувајќи маче кое било заплеткано во електродистрибутивната мрежа. За време на интервенцијата, тој постапи брзо и внимателно, придржувајќи се до сите безбедносни процедури, обезбедувајќи ја безбедноста на себе и на околината.
Овој чин потврдува дека грижата за заедницата не значи само сигурно снабдување со електрична енергија, туку и внимание и готовност да се помогне на најмалите и најранливите кога се најмногу во потреба.

















