ПРВ.мк
Македонија

Активниот пожар кај Тиквешко езеро се заканува, останатите пожари еден по еден се гаснат

Активниот пожар кај Тиквешко езеро се заканува, останатите пожари еден по еден се гаснат

Во Македонија утрово се евидентирани шест пожари, од кои пет се ставени под контрола, а еден останува активен во Општина Кавадарци, во близина на Тиквешкото Езеро. Активниот пожар зафатил нискостеблеста шума и сува трева, а поради сувата вегетација и повремениот ветер неговото гаснење е отежнато.

Петте други пожари кои вчера предизвикаа сериозни проблеми се веќе стабилизирани. Во Македонски Брод, во подрачјето „Јасен“, огнот зафати мешана шума, но беше спречено негово ширење. На планината Кожуф, Општина Гевгелија, вчерашниот приземен пожар е стабилизиран, а дежурни екипи го следат ризикот од повторно разгорување.

Во Општина Желино се случија два пожара – во селата Мерово и Церово, каде огнот зафати ниска вегетација и делови од мешана шума, но и тие се ставени под контрола. И во селото Долгаец, Општина Долнени, пожарот е стабилизиран.

Надлежните апелираат на максимална внимателност, бидејќи сувата вегетација и високите температури овозможуваат брзо ширење на пожарите, и најмал невнимателен потег може да предизвика сериозни последици.

Escape