ПРВ.мк
Македонија

16-ГОДИШНИК ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПО ИЗЛЕТУВАЊЕ СО МОПЕД: Изгубил контрола на патот!

16-ГОДИШНИК ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПО ИЗЛЕТУВАЊЕ СО МОПЕД: Изгубил контрола на патот!

Шеснаесетгодишно момче од делчевското село Разловци се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Берово–Делчево.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен на 11 јуни во 12:25 часот кај местото викано „Турски андак“. Малолетникот управувал мопед со делчевски регистарски ознаки кога, од засега непознати причини, изгубил контрола врз возилото и излетал на коловозот.

Од ударот, тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип, каде што веднаш му била укажана медицинска помош.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Берово, а надлежните служби работат на целосно расчистување на околностите под кои дошло до несреќата, односно што точно довело до губење на контролата над мопедот.

Најнови вести