Вчера околу 17:40 часот на регионалниот пат Р1402, на делницата меѓу селата Габрово и Банско, се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубил 63-годишниот К.Д. од струмичкото село Градско Балдовци.
Според информациите на полицијата, возачот, управувајќи мопед со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола врз возилото и паднал на коловозот. Од здобиените повреди починал на самото место.
Лекар ја констатирал смртта, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
Увид на местото на трагедијата, во присуство на јавен обвинител, извршила екипа од СВР Струмица, која работи на утврдување на сите околности под кои настанала несреќата.
















