ПРВ.мк
Македонија

Плоштадот во Кавадарци оживеа – танц, музика и одлична атмосфера на „Кавадаречко културно лето“

Плоштадот во Кавадарци оживеа – танц, музика и одлична атмосфера на „Кавадаречко културно лето“

Градскиот плоштад во Кавадарци вечерва беше исполнет со музика, танц и позитивна енергија, во рамки на манифестацијата „Кавадаречко културно лето 2026“.

Пред бројната публика настапи Студио за танц „Старс“, чии талентирани танчери приредија впечатлив концерт со динамични кореографии и одлични сценски настапи. Разновидната програма беше проследена со аплаузи и одлична атмосфера, а посетителите уживаа во уште една летна вечер исполнета со култура и забава.

Организаторите упатија благодарност до сите учесници и посетители кои со своето присуство придонесоа оваа вечер да биде успешна и незаборавна.

„Кавадаречко културно лето 2026“ продолжува и во наредниот период со нови содржини, концерти и културни настани, кои ќе понудат богата програма за сите генерации.