ПРВ.мк
Македонија

Нови пожари дивеат кај Прилеп и Новаци: ЦУК со апел за внимателност во природа

Нови пожари дивеат кај Прилеп и Новаци: ЦУК со апел за внимателност во природа
Escape

Голем број пожари избувнаа во текот на денот низ Македонија, од кои два сè уште се активни – кај селото Бешиште во Прилеп и кај Градешница во Новаци, каде што гори шума и сува вегетација.

Центарот за управување со кризи информира дека до 21 часот се регистрирани 25 пожари на отворен простор, од кои 23 се изгаснати. Меѓу поистакнатите изгаснати се оние во Шуто Оризари (Визбегово), каде што изгоре жито, магацин и отпад, како и повеќе пожари низ Прилеп, Петровец, Валандово, Струмица, Струга и Кичево.

ЦУК апелира до граѓаните да не палат огнови и стрништа на отворено и да внимаваат при престој во природа, за да се спречат катастрофални последици.

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape