ПРВ.мк
Македонија

10 ВОЗАЧИ ПРИВЕДЕНИ ЗА 24 ЧАСА: Возат без дозволи и покрај забраните!

10 ВОЗАЧИ ПРИВЕДЕНИ ЗА 24 ЧАСА: Возат без дозволи и покрај забраните!

Во изминатите 24 часа, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода 10 лица поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.

Од приведените, деветмина управувале возило без претходно да положат возачки испит.

Станува збор за А.И. (29) и Х.З. (18), двајцата од Скопје, М.И. (21) и Ш.А. (35) од Студеничани, скопско, Р.С. (30) и С.М. (19) од Тетово, А.Ф. (25) од Врапчиште, гостиварско, Л.М. (48) од Гостивар и Н.Т. (49) од Преглово, Општина Пласница.

Десеттиот приведен, А.В. (33) од Прилеп, бил затекнат како управува моторно возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување.

Од полицијата информираат дека случаите целосно ќе бидат документирани, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР повторно апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат правилата и прописите. Од полицијата потсетуваат дека не треба да се управува возило без положен возачки испит, за време на активна забрана за управување или под дејство на алкохол.

Целта е сите учесници во сообраќајот со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност на патиштата.