Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука од 1 август да се зголемат цените на топлинската енергија за корисниците во Скопје.
Според новата одлука, корисниците на ЕСМ Снабдување ќе плаќаат повисока цена за 5,96 проценти, за ЕСМ Енергетика (познато како железарско парно) зголемувањето изнесува 5,18 проценти, додека за корисниците на ЕнергоЕколог (поранешно Скопје Север) цената ќе се зголеми за 3,65 проценти.
Од пресметките на Регулаторната комисија произлегува дека за просечен стан од 60 квадратни метри, месечната сметка ќе биде повисока за околу 140 денари.
Претседателот на РКЕ, Ацо Ристов, изјави дека и покрај новото поскапување, цената на топлинската енергија во Македонија останува една од најниските во регионот.
Новите цени ќе почнат да важат од 1 август, кога корисниците ќе ги добијат и првите сметки пресметани според новите тарифи








