ПРВ.мк
Магазин

Вработен заминал три минути порано, шефицата испрати е-пошта која ги налути сите!

Вработен заминал три минути порано, шефицата испрати е-пошта која ги налути сите!
Kristal

Е-пошта од менаџерка која му забележала на вработен затоа што си заминал три минути порано од работа се прошири на интернет и предизвика бурна дискусија. Пасивно-агресивната порака, објавена на „Редит“, за многумина стана пример за лошо лидерство.

Во пораката испратена до вработениот Рајан, менаџерката му понудила неколку опции како да ги „надомести“ трите минути, на пример со пократка пауза за ручек или со останување неколку минути подолго друг ден. Пораката започнала со прашање: „Дали вчера си замина порано?“ и наведува дека забележала оти Рајан си заминал во 16:57, додавајќи дека иако го цени неговиот труд, треба да се биде фер кон тимот кој останува до крајот на работното време.

Пораката завршува со совет тој повнимателно да го следи времето и со добро познатата реченица: „Ние сме тим.“ Објавата собра илјадници коментари, а многумина го осудија потегот како застарен и контрапродуктивен. Некои го нарекоа вознемирувачки, а други истакнаа дека е школски пример за лошо раководење.

Многумина советувале на Рајан да ја чува пораката како писмен доказ, додека други се пошегувале дека би одговориле еднакво ситничаво или би ја потсетиле шефицата на неплатените прекувремени часови.

Советничката за човечки ресурси, Маргарет Гуди, изјавила дека испраќањето ваква пошта без претходен разговор со вработениот не е добра практика. Таа предупредила дека постојаното следење на минутите може да има спротивен ефект од посакуваниот и ги објаснила придобивките од автономијата на вработените: „Вработените најдобро функционираат кога имаат одредено ниво на автономија. Ако им верувате дека ќе ја завршат работата, тогаш е во ред понекогаш да си заминат неколку минути порано.“

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo