Вчера на скијачките терени на Попова Шапка се случи вистинска драма кога 24-годишниот Ф.М.Л. од Данска бил повреден откако го зафатила снежна лавина додека скијал. Среќата била на негова страна откако специјализирана екипа со соодветно возило успеала да го лоцира и извлече од снегот.
Акцијата завршила успешно во 16:10 часот, по што повредениот странец бил итно транспортиран кон главниот град.
„По укажаната прва помош на терен, лицето со амбулантно возило е пренесено во приватна болница во Скопје за понатамошно лекување“, потврди портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Среќна коинциденција и брзата реакција на спасувачките екипи го спречија најлошото, а повредениот скијач сега е под лекарски надзор за опоравување.

















