ПРВ.мк
Македонија

Што ќе се случи со оние кои имаат забрана за управување на моторно возило, но не ја предале возачката?

Што ќе се случи со оние кои имаат забрана за управување на моторно возило, но не ја предале возачката?
Kristal

Министерството за внатрешни работи потврдува дека сѐ почесто се забележуваат случаи во кои возачи управуваат возила и покрај изречена забрана. Непочитувањето на судската одлука, како и непредавањето на возачката дозвола, се смета за сериозен прекршок и може да доведе до дополнителни санкции.

Од МВР објаснуваат дека ако возач биде затекнат во јавен сообраќај со изречена правосилна судска одлука „забрана за управување на моторно возило“, јавниот обвинител се известува, а понатаму се постапува според неговите насоки.

Досегашните казни најчесто биле парични и вклучувале одземање на возачката дозвола на одреден период. Меѓутоа, според новите законски измени, се предвидува и можност за одземање на возилото на лицата кои управуваат без возачка дозвола.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo