ПРВ.мк
Македонија

Податоците од емисиите во воздухот на компаниите се од автономен и независен систем и никој не може да ги менува

Податоците од емисиите во воздухот на компаниите се од автономен и независен систем и никој не може да ги менува
Kristal

Независен мониторинг значи дека мониторираната инсталација не може да влијае на тоа како емисиите се мерат, обработуваат или презентираат. Сите CEMS системи за мониторинг, произведени од Endress Hauser Sick, мора да го исполнуваат сертификатот TUV Germany и мора да бидат „заклучени системи“ до кои операторот на инсталацијата не може да пристапи и да ги промени. Системот за мониторинг е дизајниран и сертифициран да работи автономно, а корисниците можат само да ги видат податоците, не можат да ги менуваат на каков  било начин. Сите овие механизми обезбедуваат емисиите да се следат објективно и транспарентно, вели Славо Теиновиќ од Endress Hauser Sick.во интервју за Локално.мк

Теиновиќ додава дека овој систем на Endress Hauser Sick (Германија), кој е инсталиран во ТИТАН Усје, се базира на најсовремената технологија за индустриско следење која постои повеќе децении и е меѓународно призната по својата прецизност и сигурност. Функционира во согласност со стандардите на ЕУ, како што се: TA-Luft (Превенција од загадување на воздухот), EN 15267, EN 14181 и MCERTS, кои дефинираат на кој начин мора да се извршуваат мерењата, да се чуваат податоците, да се презентираат просеци од мерењата, исто како што се прави и во сите земји на ЕУ. Сите CEMS кои се произведени од Endress Hauser Sick се сертифицирани од TUV Германија и се признати во Европската Унија и пошироко.

Се работи за целосно автоматизиран систем кој мери континуирано 24 часа. Системот ги мери клучните параметри, како што се прашина, NOx и SO₂ секоја минута, обезбедувајќи дека валидни податоци се евидентираат континуирано и во реално време. Измерените вредности автоматски се прикажуваат како получасовни и дневни просечни вредности. Извештаите се генерираат автоматски од системот.

Сите CEMS произведени од Endress Hauser Sick мора да го исполнуваат сертификатот TUV Germany и мора да бидат „заклучени системи“ до кои операторот на инсталацијата не може да пристапи и да ги промени. Системот за мониторинг е дизајниран и сертифициран да работи автономно, а корисниците можат само да ги видат податоците, не можат да ги менуваат на кој било начин. Сите овие механизми обезбедуваат емисиите да се следат објективно и транспарентно.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo