ПРВ.мк
Македонија

СТРАВИЧНА НЕСРЕЌА: Прегазен 18-годишник - тешко повреден и пренесен во болница!

СТРАВИЧНА НЕСРЕЌА: Прегазен 18-годишник - тешко повреден и пренесен во болница!
Kristal

18-годишно момче е тешко повредено откако во него удрил автомобил на улица во Пробиштип, соопшти Министерството за внатрешни работи. Несреќата се случила вчера утрото додека момчето ја преминувало улицата.

Според информациите од МВР, на 16.02.2026 во 06:10 часот на улицата „Миро Барага“ во Пробиштип, патничко возило „тојота“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(50) од Пробиштип, удрило во 18-годишниот пешак Ф.А. од Пробиштип.

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Јавна здравствена установа Пробиштип, по што бил пренесен за понатамошно лекување. МВР информира дека случајот е пријавен и се преземаат сите мерки за истрага.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo