ПРВ.мк
Магазин

(ВИДЕО) ВИДЕО ШТО ГО ПОЛУДЕ ИНТЕРНЕТОТ: Сите тврдат дека оваа девојка е „женската верзија“ на Ерлинг Халанд, а потоа реагираше и самиот фудбалер!

(ВИДЕО) ВИДЕО ШТО ГО ПОЛУДЕ ИНТЕРНЕТОТ: Сите тврдат дека оваа девојка е „женската верзија“ на Ерлинг Халанд, а потоа реагираше и самиот фудбалер!

Едно навидум обично видео на социјалните мрежи се претвори во светски вирален хит, но не поради фризурата што ја покажуваше инфлуенсерката, туку поради неверојатната сличност што илјадници корисници ја забележаа со норвешката фудбалска ѕвезда Ерлинг Халанд.

Инфлуенсерката Ема Кејт Вилман на Инстаграм објавила видео во кое демонстрира како се прави француска плетенка. Наместо советите за коса да бидат во центарот на вниманието, следбениците почнале масовно да коментираат дека таа неверојатно потсетува на Халанд.

Корисниците ги истакнувале нејзината руса коса, цртите на лицето и мимиките, а споредбите за кратко време станале толку популарни што видеото експлодирало на интернет и собрало повеќе од 27 милиони прегледи и илјадници коментари.

Приказната станала уште поинтересна кога до видеото стигнал и самиот Ерлинг Халанд. Норвешкиот напаѓач решил да се приклучи на шегата и оставил краток коментар: „Здраво“, проследен со емотикон со палец нагоре. Неговата реакција дополнително ја зголемила популарноста на видеото.

Во ново видео, Ема Кејт Вилман зборувала за огромното внимание што го добила поради споредбите со фудбалерот. Таа низ смеа изјавила дека, со оглед на Светското првенство, ако добие уште еден коментар дека личи на Халанд, навистина нема да знае што да каже.

Инфлуенсерката открила дека само во еден ден добила меѓу три и четири илјади нови следбеници на Инстаграм, благодарение на виралното видео и бројните споделувања.

Сепак, таа признава дека не е воодушевена од споредбата. На шега истакнала дека повеќе би сакала луѓето повторно да велат дека личи на шведската пејачка Зара Ларсон, додавајќи дека нема ништо против Халанд, но дека таа е „само обична девојка од Чарлстон“.

Во меѓувреме, коментарите на социјалните мрежи продолжија да се множат. Дел од корисниците ја нарекоа „одамна изгубената сестра на Халанд“, други се шегуваа дека неговото лице го гледаат насекаде, а имаше и коментари дека изгледа како „Халанд да направил своја женска верзија“.

Додека интернетот сè уште се забавува со необичната споредба, Ерлинг Халанд продолжува да биде во фокусот и поради своите настапи на фудбалските терени, каде со години важи за еден од најдобрите и најефикасни напаѓачи во светот.

ВИДЕО