ПРВ.мк
Магазин

Света тајна над Русија: Иконата што исчезна од Цариград и се појави во небото – чудотворна и излекувала многу болни

Света тајна над Русија: Иконата што исчезна од Цариград и се појави во небото – чудотворна и излекувала многу болни
Escape

Денес се слави празникот на Тихвинската икона на Пресвета Богородица – чудотворна икона која, според црковното предание, била насликана лично од светиот апостол Лука.

Во 5 век, иконата била пренесена од Светата Земја во Цариград и сместена во прочуениот Влахерински храм. Но во 1383 година, 70 години пред падот на Византија, таа мистериозно исчезнала. Она што следело го оставило целиот христијански свет во неверување – иконата се појавила во воздухот, обвиена со силна светлина, над Ладошкото Езеро во Русија.

Светиот лик потоа слетал близу градот Тихвин, каде што била изградена црква, а потоа и манастир. Иконата станала позната како Тихвинска, а местото – свето тло за илјадници верници.

Во текот на вековите, оваа икона се прочула по безброј чуда, особено поради нејзината моќ да лекува болни и да донесува утеха на оние што се во мака. И денес верниците од целиот свет и пристапуваат со вера, надевајќи се на исцеление и духовен мир.

Случајност или божествена интервенција? За многумина, Тихвинската икона останува доказ за живото присуство на Богородица меѓу луѓето.

Mia Home Mavrovo