ПРВ.мк
Свет

Европа пресуди: Русија директно виновна за убиството на 298 патници од MH17?!

Европа пресуди: Русија директно виновна за убиството на 298 патници од MH17?!
Escape

Историска пресуда од Стразбур го потресе Кремљ – Европскиот суд за човекови права ја прогласи Русија за виновна за соборувањето на авионот MH17, трагедија во која животот го загубија 298 невини патници.

Со оваа одлука, Русија првпат формално е прогласена за виновна од меѓународен суд за прекршување на човековите права во Украина, вклучувајќи ја и катастрофата што се случи во 2014 година, кога Боинг 777 на Малезија Ерлајнс беше погоден од руска ракета над источна Украина.

„Ова е вистински чекор кон откривање на вистината,“ рече Томас Шансман, татко кој го изгуби својот 18-годишен син во трагедијата. Семејствата на жртвите конечно добија меѓународно признание за вината на Москва.

Иако пресудата нема директна извршна сила, таа носи огромно политичко и морално значење. Дополнително, оваа одлука се надоврзува на пресудата од Холандија, каде две руски и една украинска фигура беа осудени во отсуство за нивната улога во уривањето на летот.

Авионот MH17 леташе од Амстердам кон Куала Лумпур кога беше соборен на 17 јули 2014, а руската ракета беше лансирана од територија под контрола на проруските сепаратисти.

Сè повеќе докази, судски пресуди и сведоштва го поставуваат прашањето: Колку далеку оди одговорноста на руското раководство – и кој ќе биде следниот на обвинителна клупа?

Mia Home Mavrovo