ПРВ.мк
Магазин

Американската ѕвезда Рајан Дестини во фустан што го запали Париз - Уште ова го немавте видено

Американската ѕвезда Рајан Дестини во фустан што го запали Париз - Уште ова го немавте видено
Escape

На модната ревија на „Скјапарели“ во Париз, американската актерка и пејачка Рајан Дестини привлече огромно внимание со својот впечатлив фустан. Облечена во светло розов фустан со тесен крој и елегантни детали, таа ја потенцираше својата женственост и силуета, особено колковите.

Најспецифичниот детал на фустанот беа свилените потпетици поставени на градите, во иста розова нијанса како и фустанот, со петицата свртена нанадвор, што додаде неочекуван и авантуристички моден елемент. Изрезите од двете страни и проѕирните розови долги ракавици го заокружија нејзиниот софистициран изглед.

Рајан Дестини не беше сама во кршењето модни правила – и Карди Би ја воодушеви публиката со својот црн фустан и живата врана како несекојдневен додаток, докажувајќи дека ревијата на Скјапарели е сцена за најсмешни и најхрабри модни избори.

Mia Home Mavrovo