ПРВ.мк
Магазин

Сè повеќе патници заглавуваат на аеродромите поради малку познато правило за пасошите!

Сè повеќе патници заглавуваат на аеродромите поради малку познато правило за пасошите!
Kristal

Многу патници внимателно го проверуваат датумот на важност на својот пасош, но постои уште еден, помалку познат детаљ што може сериозно да ги наруши патните планови. Освен ограничувањата за багаж и забранетите предмети, клучно е патничкиот документ да ги исполнува сите услови на земјата во која се патува – меѓу нив и бројот на празни страници во пасошот.

Доколку пасошот нема доволно празни страници за влезни и излезни печати или визи, патникот може да биде одбиен уште на аеродром, дури и ако билетот е валиден.

Иако поголемиот дел од патниците знаат дека пасошот мора да важи најмалку три месеци по планираното враќање, малкумина се свесни дека авиокомпаниите имаат право да одбијат качување доколку нема доволно простор за гранични печати.

Колку празни страници се потребни?

Голем број земји, особено во Африка, Азија и на Блискиот Исток, бараат од две до четири празни страници во пасошот. Во некои случаи, условите се уште построги.

Намибија има едни од најстрогите правила и бара дури шест празни страници, бидејќи нивниот влезен печат зафаќа речиси цела страница, а дополнителна страница може да биде потребна за продолжување на престојот.

Три или повеќе празни страници бараат и Боцвана, Мозамбик, Замбија, Брунеи, Јужна Африка и Мадагаскар, додека Бахамите, Куба, Кина, Сингапур и Индија бараат најмалку две.

На што уште треба да внимавате?

Покрај бројот на празни страници, пасошот мора да биде во беспрекорна состојба. Водени траги, мувла, дамки, кинење, недостасувачки страници, оштетен чип или неофицијални ознаки можат да бидат причина за проблеми на граница.

Исто така, името на авионската карта мора целосно да се совпаѓа со името во пасошот. Дури и мали печатни грешки или користење старо презиме може да доведат до одбивање при пријавување.

Не помалку важно е навреме да се провери дали е потребна виза или електронско одобрение за патување (ETA), бидејќи многу земји го бараат тоа уште пред пристигнувањето.

Европа наскоро без печати во пасошите

Добра вест за патниците во Европа е што рачното печатење во пасошите постепено се укинува. Европската унија го воведува Системот за влез/излез (EES) – дигитален систем кој ги евидентира биометриските податоци и датумите на влез и излез на државјани од земји надвор од ЕУ.

Се очекува системот целосно да профункционира во сите 29 земји од Шенген зоната до септември 2026 година. Сепак, поголемиот дел од земјите надвор од Европа и понатаму користат класични печати, па затоа патниците треба внимателно да ги проверуваат условите пред секое патување.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape