ПРВ.мк

Пуканките можат да бидат здрав избор – но само ако ги подготвите на вистински начин

Пуканките можат да бидат здрав избор – но само ако ги подготвите на вистински начин
Jumbo Banner

Пуканките најчесто ги поврзуваме со филмски вечери, удобен кауч и – премногу путер. Но, според експертите за здрава исхрана и долговечност, оваа популарна грицка може да биде изненадувачки здрава, доколку се подготви на правилен начин.

Еден од најпознатите светски истражувачи на долг животен век, Дан Бутнер – кој ги проучува т.н. „сини зони“, односно региони каде што луѓето живеат подолго од просекот – вели дека пуканките се една од ретките грицки кои дури и стогодишниците ги одобруваат, пренесува Index.

Пуканки без маснотии – богат извор на влакна и антиоксиданси

Пуканките подготвени без масло, односно на воздух (т.н. „air-popped“), претставуваат одличен извор на растителни влакна и сложени јаглехидрати. Она што изненадува е фактот дека содржат и повеќе полифеноли – моќни антиоксиданси – дури и од некои видови зеленчук.

Овие полифеноли помагаат во заштитата на организмот од оксидативен стрес и воспалителни процеси, што може да го намали ризикот од хронични заболувања како срцеви болести, дијабетес и рак. Благодарение на високата содржина на влакна, пуканките овозможуваат подолго чувство на ситост и можат да помогнат во контролата на телесната тежина.

Придобивки за срцето и мозокот

Според податоците од клиниката Mayo, интегралните житарки – во кои спаѓаат и пуканките – можат да помогнат во намалување на крвниот притисок и нивото на „лошиот“ холестерол (LDL), со што се намалува ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар и рак на дебелото црево.

Некои истражувања исто така укажуваат дека зголемениот внес на интегрални житарки може да има позитивно влијание врз менталното здравје и да го намали ризикот од деменција.

Како да ги подготвите на здрав начин?

Најздрави се пуканките што се подготвуваат без масло, сол, путер или засладувачи како карамела. Едноставен и безбеден начин за домашна подготовка е со кафеава хартиена кеса: ставете една шака зрна пченка во кесата, преклопете ја и ставете ја во микробранова печка неколку минути на висока температура.

Друга опција е подготовка во тенџере – со минимално количество масло и со затворен капак за да се задржи пареата додека зрната пукаат.

Иако ретко се сметаат за дел од здрава исхрана, пуканките – ако се подготвени правилно – можат да бидат здрав, достапен и вкусен меѓуоброк, богат со влакна и антиоксиданси.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран