ПРВ.мк

Нема повеќе пасоши! Официјално усвоени нови правила за влез во ЕУ, важат и за Македонија

Нема повеќе пасоши! Официјално усвоени нови правила за влез во ЕУ, важат и за Македонија
Jumbo Banner

Европската унија официјално усвои нови правила за премин на надворешните граници на Шенген-зоната, со што се заменува досегашниот систем на рачно печатење пасоши. Новата регулатива предвидува дигитална регистрација на влез и излез од ЕУ преку системот EES (Entry/Exit System), кој ќе се применува и за граѓаните на Македонија и останатите земји од Западен Балкан.

„Благодарение на овој договор, земјите-членки ќе можат да започнат со примена на новиот систем за гранична контрола, со што ќе се зголеми безбедноста и ефикасноста на граничното управување“, изјави полскиот министер за внатрешни работи Томаш Сјемонјак, според соопштението на Советот на ЕУ.

Како ќе функционира системот EES?

EES е напреден информатички систем кој дигитално ќе ги евидентира сите влезови и излези на државјани од т.н. „трети земји“ (земји кои не се членки на ЕУ) при нивното влегување во Шенген-зоната. Системот ќе собира биометриски податоци – отпечатоци од прсти и фотографија од лицето – заедно со податоци од пасошите.

Целта е да се замени рачното печатење на патните исправи и да се овозможи побрз, потранспарентен и побезбеден граничен премин.

Според Европската комисија, EES ќе започне со примена во октомври 2025 година, додека ETIAS – електронскиот систем за одобрување на патување – ќе биде активен до крајот на 2026 година.

Што значи ова за македонските граѓани?

Граѓаните на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора и Косово, како и на Украина и Молдавија, ќе мора да поминуваат низ новиот EES систем при секој влез во Шенген-зоната. Ова значи скенирање на биометриски податоци и дигитална регистрација на влез и излез од територијата на ЕУ.

Дополнително, од 2026 година, граѓаните на овие земји ќе мора да поседуваат ETIAS дозвола – електронска потврда за патување која ќе чини 7 евра. Дозволата ќе биде задолжителна за краткорочни туристички или деловни патувања во земјите од ЕУ.

Постепена имплементација на EES

Во првите 30 дена од активирањето, секоја земја членка треба да регистрира најмалку 10% од граничните премини преку EES.

Во текот на наредните 60 дена, системот може да се користи и без биометриски компоненти.

По три месеци, барем половина од граничните премини мора да функционираат со биометриска идентификација.

До завршување на транзицискиот период, паралелно ќе се применува и стариот систем со пасошки печати.

Во исклучителни околности (на пример, метеж или технички проблеми), земјите членки ќе можат привремено да го суспендираат EES на одредени гранични премини.

Земји кои го применуваат EES и ETIAS

Системите EES и ETIAS ќе се применуваат во сите 27 земји-членки на ЕУ кои се дел од Шенген-зоната, како и во Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн. Иако Ирска и Кипар не се дел од Шенген, тие ќе го користат ETIAS, но ќе продолжат со рачно печатење на пасошите.

Што значи ова за патниците?

Од 2025 година, преминувањето на границите на ЕУ ќе биде дигитализирано, побрзо, но и побарувачко. Македонските граѓани кои планираат патување во ЕУ – било туристичко, деловно или семејно – ќе треба навреме да поднесат барање за ETIAS дозвола и да се подготват за новата процедура на граничните премини.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран