ПРВ.мк

Трамп планира да депортира 200.000 Украинци

Трамп планира да депортира 200.000 Украинци
Jumbo Banner

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува амбициозен план со кој би се депортирале речиси 200.000 украински државјани од територијата на САД, пренесува Вашингтон пост, повикувајќи се на нацрт-интерни документи до кои имал увид.

Планот предвидува издвојување на околу 250 милиони долари од буџетот за странска помош, наменети за финансирање на враќањето на лица од зони погодени од конфликти. Меѓу нив се спомнуваат и околу 500.000 државјани на Хаити.

За време на мандатот на актуелниот претседател Џо Бајден, граѓаните на Украина и Хаити добија статус на привремена заштита (TPS), кој им овозможуваше легален престој во САД, поради неможноста безбедно да се вратат во своите матични земји.

Меѓутоа, со враќањето на Трамп и очекуваното заострување на имиграциската политика, се предвидува значајна промена на досегашната пракса.

Како дел од пошироката стратегија, Трамп неодамна најави спроведување на, како што ја нарече, „најголемата програма за депортација во американската историја“, со цел протерување на 15 до 20 милиони мигранти.

Во нацрт-документите се наведува и дека Министерството за внатрешна безбедност на САД, на 5 мај оваа година, објави програма според која мигрантите што доброволно ќе се вратат во својата земја ќе добијат финансиска поддршка во износ од 1.000 долари.

Покрај Украинците и Хаиќанците, како потенцијални цели на идни депортации во документите се спомнуваат и државјани на Авганистан, Палестина, Либија, Судан, Сирија и Јемен.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран