ОВЕН
Денес ќе бидете ставени на испит повеќепати – потребно е да покажете храброст, самоувереност и директност. Избегнувајте да се ставате во служба на луѓе кои сакаат само да се слушаат себеси, особено ако не покажуваат интерес за вашите мислења. При донесување важни одлуки, не дозволувајте емоциите да ви ја замаглат проценката.
БИК
Активностите во група или движењето меѓу поголем број луѓе ќе ви донесат нови познанства и корисни информации. Највредни совети ќе добиете од повозрасни членови на семејството. Ако сакате да ги разоткриете причините за неодамнешни случувања, консултирајте се со блиски колеги.
БЛИЗНАЦИ
Бидете претпазливи во контактите со шармантни личности, особено ако се работи за деловни релации. Можно е да добиете погрешен впечаток дека некој е искрено заинтересиран за вас, додека во позадина стои манипулација. Чувајте ги личните информации и тајните – денес лесно може да излезат на површина.
РАК
Ако долго време чувствувате дека не сте во контрола над одредена ситуација, сега е време да поставите јасни граници. Не двоумете се да го искажете својот став, дури и ако треба да го подигнете гласот. Преземете иницијатива – не чекајте другите да решаваат за вас. Вечерта посветете ја на мир во домот.
ЛАВ
Нетрпеливоста може лесно да излезе на површина – како кај вас, така и кај блиските. Пред да поставите прашање, запрашајте се дали сте подготвени да ја чуете вистината. Можно е личност на која и верувате да ви сокрие нешто важно.
ДЕВИЦА
Вашата способност за влијание врз другите денес ќе биде на високо ниво. Посебно ќе се истакнат оние од вас кои планираат јавно излагање или презентација на проект. Финансиските можности се присутни, но внимавајте да не влезете во конфликт со интересите на другите.
ВАГА
Подготвени сте за лични промени, но не сите околу вас ќе ги прифатат со ентузијазам. Ако имате позитивни вести – споделете ги со внимателен пристап. Вашите креативни идеи ќе најдат одек, особено во нови соработки и меѓу луѓе што неодамна сте ги запознале.
ШКОРПИЈА
Работата нека не биде единствен фокус денес. Потребен ви е одмор и поврзување со блиските. Одбијте нови обврски и одвоите време за себе. Контактот со пријатели, партнер или семејство ќе ви го подобри расположението.
СТРЕЛЕЦ
За да добиете поддршка или одобрување, ќе мора да го смените пристапот и да обрнете внимание на деталите. Ако не сакате да споделите сè што мислите, користете хумор. Во љубовта – не брзајте, дозволете работите да се одвиваат по природен тек.
ЈАРЕЦ
Иако ќе бидете расположени, денот носи мали предизвици. Некои планови за патување можат да пропаднат, а други ќе се соочат со одложувања или недоразбирања во љубовта. Не се обесхрабрувајте – прифатете ја ситуацијата со мир и без наметнување.
ВОДОЛИЈА
Зад сцената се случуваат важни настани. Не носете одлуки врз основа на шпекулации. Истражете ги фактите и воздржете се од дебати сè додека не бидете сигурни во вашето знаење. Во приватниот живот, намалете ги очекувањата – особено од помладите лица.
РИБИ
Почнете од искрен разговор со себе пред да се отворите кон другите. Ако сте си поставиле нови животни цели, време е да бидете доследни. Не пропуштајте можност за контакт со личност која може да има позитивно влијание врз вашата кариера. Во љубовта, можно е незадоволство – но запрашајте се дали причините навистина постојат.