ПРВ.мк

Одлично место за креативно учење на вашите деца – тројца средношколци летово подучуваат математика, програмирање и вештачка интелигенција преку интерактивни часови

Одлично место за креативно учење на вашите деца – тројца средношколци летово подучуваат математика, програмирање и вештачка интелигенција преку интерактивни часови
Jumbo Banner

Во време кога многу нивни врсници летото го поминуваат во одмор и рекреација, тројца средношколци – Марко, Давид и Тео – одлучија своето знаење да го споделат со помладите генерации. И тоа не на традиционален начин, туку преку креативен, модерен и забавен пристап кој ги освојува срцата на учениците и родителите.

Нивната летна програма е наменета за ученици од 5-то до 9-то одделение, а темите што ги обработуваат се навистина импресивни: математика, програмирање и вештачка интелигенција. Вештини кои може да се наречат и „Вештини на иднината“. Наместо класични предавања, овие млади ентузијасти го претворија учењето во вистинско доживување и забава. Со игри, тимски проекти и интерактивни активности, децата учат со примена на знаењето а и воедно се вљубуваат во учењето.

„Сакавме да покажеме дека учењето може да биде интересно и забавно, особено кога ќе се поврзе со реалниот свет,“ велат иницијаторите на оваа инспиративна идеја.

Иницијативата доби искрена поддршка од многу родители, наставници и заедницата, кои ја препознаа вредноста на ваквите иницијативи. Особено во време кога младите често се демотивирани, вакви примери покажуваат дека постои генерација која размислува визионерски, која вложува во иднината и инспирира со својот ангажман.

Сите заинтересирани можат да добијат повеќе информации на контакт телефонот: ‪+389 70 400 999‬.

Овие тројца средношколци се вистински пример за тоа како со иницијатива, знаење и желба за промена може да се направи разлика – и тоа со насмевка, со игра и со огромно срце.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран