Поранешната детска ѕвезда Мејтленд Ворд откри дека денес заработува значително повеќе преку платформата OnlyFans отколку во времето кога глумела во популарната серија Boy Meets World.
Во интервју за емисијата „Hollywood Demons“, Ворд зборуваше за својот пат од телевизиска ѕвезда до кариера во индустријата за возрасни. Таа посочи дека во серијата заработувала околу 20.000 до 25.000 долари по епизода, но живеела со постојан страв од губење на работата.
По напуштањето на телевизијата, во 2019 година започнала нова кариера, а вистинскиот финансиски пресврт дошол за време на пандемијата во 2020 година, кога популарноста на OnlyFans нагло пораснала.
Денес, како што вели, нејзините приходи достигнуваат шестцифрени суми месечно, при што има целосна контрола врз содржината и сопствениот бренд.
Ворд истакнува дека новата кариера ѝ донела и лична самодоверба.
„Да се чувствувам удобно во сопственото тело е нешто што претходно не можев. Ова ми даде слобода да бидам своја и да создавам нешто што го сакам“, вели таа.
Таа додава дека токму чувството на контрола и независност ѝ помогнало да се чувствува посилно и посигурно во себе.









