ПРВ.мк
Магазин

Поранешниот ангел на „Викторијас сикрет“ се сврши: Погледнете како изгледаше запросувањето

Поранешниот ангел на „Викторијас сикрет“ се сврши: Погледнете како изгледаше запросувањето

Поранешниот ангел на „Викторијас сикрет“, Алесандра Амброзио (45), има голема причина за славење. По речиси две години љубовна врска, славната манекенка се сврши со австралискиот дизајнер и поранешен модел Бак Палмер.

Амброзио ја сподели среќната вест со своите следбеници преку романтични фотографии од Индонезија, каде Палмер подготвил посебно изненадување за својата избраничка.

Запросувањето се случило на плажа, далеку од толпата и љубопитните погледи. На песокот било направено големо срце од ливчиња од рози, а двајцата биле сами во романтичниот амбиент.

Фотографиите го забележале и моментот кога Бак клекнал пред Алесандра и го поставил големото прашање. Манекенката не можела да го скрие изненадувањето и среќата, а одговорот бил – „да“.

Романтичните фотографии брзо го привлекоа вниманието на нејзините обожаватели, а честитките за идните младенци почнаа да пристигнуваат од сите страни.

Алесандра и овојпат привлече внимание со својот препознатлив изглед и витката фигура, но во центарот на вниманието беше нејзината насмевка и емотивниот момент од запросувањето.