ПРВ.мк
Магазин

По спектаклот во Охрид – Лепа Брена замина во пензија, но нема да престане со настапи

По спектаклот во Охрид – Лепа Брена замина во пензија, но нема да престане со настапи
Escape

Лепа Брена, најголемата музичка ѕвезда на просторите на поранешна Југославија, официјално влезе во пензија по повеќе од 40 години блескава кариера. Само пет дена по настапот на охридскиот стадион „Билјанини Извори“, 64-годишната пејачка стана пензионерка – но вели дека иако ја радува тоа што ја дочекала пензијата, не се чувствува како пензионерка.

Сè уште не е познато колкава пензија ќе прима Брена, но медиумите шпекулираат дека може да ѝ биде доделена и национална пензија поради нејзиниот исклучителен придонес во музиката.

Извор близок до пејачката изјавил за српскиот портал „24sedam“ дека Брена нема намера да престане со настапи: „Мило ѝ е што доживеа пензија, но самата ‘титула’ ѝ е чудна. Не планира да го менува начинот на живот. Ќе продолжи да пее и да ужива, нешто што го започна уште во времето на короната. Тогаш сфати колку е важно да се посвети на себе и на Боби, после многу години напорна работа.“

Со пензија или без неа, Лепа Брена останува музички активна и омилена на публиката низ целиот Балкан.

Mia Home Mavrovo