ПРВ.мк
Свет

Тајна мисија во Кремљ – американски пратеник по петти пат во Москва

Тајна мисија во Кремљ – американски пратеник по петти пат во Москва
Escape

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го прими специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стивен Виткоф, на средба во Кремљ која засега останува без официјални детали за темите на разговор.

Посетата започна со прием од страна на Кирил Дмитриев, директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, а двајцата потоа заедно прошетаа низ московскиот парк Зарјадје и вечераа во ресторан во близина, во друштво на безбедносни служби.

Иако средбата се одвивала во пријателска атмосфера, американскиот пратеник избегна да одговори на прашањата за тоа што точно се разговарало или што е во план за наредните денови.

Стејт департментот потврди дека Виткоф е во Москва, но одби да сподели детали. Ова е веќе петта негова посета на Русија од почетокот на годината, од кои две претходни биле директни средби со Путин – на 11 и 25 април.

Целта на овие повторени и нејасни дипломатски активности засега останува непозната.

Mia Home Mavrovo