Во тешка несреќа загинаа министерот за одбрана на Гана, Едвард Омане Боама, и министерот за животна средина, Ибрахим Муртала Мохамед, заедно со уште шест лица од екипажот на хеликоптерот, објави државната новинска агенција на Гана. Веста ја потврди портпаролот на владата.
Хеликоптерот на вооружените сили на Гана (GAF), модел Z9, полетал од главниот град Акра во 9:12 часот наутро и се упатил кон рударскиот град Обуаси, каде требало да присуствува на национален настан. Меѓу патниците биле тројца членови на екипажот и пет патници, вклучувајќи ги и министрите.
Под нејасни околности, хеликоптерот исчезнал од радарот во регионот Ашанти, по што започнаа обемни операции за воспоставување контакт и пребарување.
Началникот на кабинетот, Џулиус Дебра, преку видео порака соопшти дека во знак на жалост знамињата ќе бидат спуштени на половина копје до понатамошно известување.
Оваа трагедија претставува тежок удар за владејачките структури на Гана и ќе остави длабоки последици за земјата. Причините за падот на хеликоптерот се предмет на истрага.