ПРВ.мк
Македонија

„Заробена сум од хакери“ – Благица Павловска со вознемирувачка порака до јавноста

„Заробена сум од хакери“ – Благица Павловска со вознемирувачка порака до јавноста
Escape

Фолк ѕвездата Благица Павловска откри дека е жртва на хакерски напад – нејзиниот личен Фејсбук профил, каде споделуваше спомени и комуницираше со обожавателите, бил отуѓен. Во својата порака таа напиша: „Овој профил ми е заробен од хакери“, алармирајќи за опасностите што ги носи дигиталниот свет.

Иако оваа вест ги вознемири нејзините следбеници, тие барем можеа да здивнат со сознанието дека пејачката има и други активни профили преку кои продолжува да биде во контакт со својата публика. Случајот е уште еден потсетник дека познатите личности сè почесто се мета на сајбер напади, особено кога нивната присутност на интернет предизвикува голема интеракција.

Mia Home Mavrovo