Во Велес, синоќа околу 19:35 часот, на паркингот на улица „Лазо Осмаков“ избувнал пожар во возило „Цитроен Берлинго“ сопственост на правно лице од градот.
Портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, информира дека нема повредени лица, а пожарот бил брзо изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Велес.
На местото на настанот била извршена увидна контрола од страна на екипа од СВР Велес за да се утврдат причините за пожарот.