ПРВ.мк
Магазин

„Пак би се дрогирал, сакам да си попијам!“ — Шокантна исповед на Дарко Лазиќ!

„Пак би се дрогирал, сакам да си попијам!“ — Шокантна исповед на Дарко Лазиќ!

Српскиот пејач Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина доживеале сообраќајна несреќа на автопатот меѓу Генекс и Белградската арена. Според српските медиуми, двајцата поминале без потешки повреди и се пуштени на домашно лекување по укажана лекарска помош.

Она што го привлече вниманието на јавноста е дека во моментот на несреќата, Лазиќ бил под дејство на алкохол, со дури 1,9 промили во крвта, пренесуваат медиумите.

И покрај чести изјави за нов, „помирен“ живот, Лазиќ повторно изненади со својата брутално искрена исповед, во која призна дека не се кае за минатите пороци и дека, ако би можел, повторно би се дрогирал.

„Сè што сум сакал да пробам – пробав. Од јавни куќи до дроги. Повторно би се дрогирал, ама не смеам – докторите ми рекоа дека е штетно на долг рок. Сè уште сакам да си попијам, да се опуштам со друштво, да запалам цигара“, изјави пејачот.

Лазиќ открива и детали од своите авантури во Цирих, каде како што вели, исполнил една од своите желби.

„Со неколку пријатели отидовме во јавна куќа. Таа вечер бев со 12 девојки. Не знаев каде попрво да гледам – црнки, бринети, русокоси, црвенокоси… сè што човек може да замисли!“

По оваа авантура, почувствувал болки во колкот, кој го има повредено во тешката сообраќајка од пред неколку години, а лекарите го предупредиле да внимава бидејќи телото веќе не може да издржи истиот ритам.

„Докторот ми рече: Дарко, не можеме секогаш повторно да те составуваме. Во сè треба умереност“, раскажува Лазиќ.

Пејачот вели дека се обидува да живее поздраво, почнал да тренира, но признава дека сè уште не може целосно да се откаже од пороците.

Escape