На овие хороскопски знаци парите им се лизгаат низ прсти: шопингот, авантурите и луксузот им се најголемото задоволство
Некои луѓе, без разлика на примањата, едноставно не знаат да застанат кога станува збор за трошење пари. За нив, попустите се неодоливи, досадата е скап порок, а често купуваат само за да се чувствуваат подобро или да остават впечаток. Финансиската дисциплина не им е силна страна, а непланираните трошоци брзо ги доведуваат до празен паричник уште на половина месец.
И додека едни педантно планираат буџет, други живеат во моментот – и буквално им „течат“ парите низ раце. Ако го прашаме хороскопот, некои знаци посебно се истакнуваат по склоноста кон непромислено трошење. Еве кои се тие:
Лав
Лавовите обожаваат луксуз, сјај и статус. Не трошат затоа што мораат, туку затоа што сакаат да се чувствуваат посебно – и да бидат забележани. Скап парфем, бренд облека, вечера во елитен ресторан – сето тоа за Лавовите има смисла, ако ги натера да се чувствуваат како кралеви. Проблемот? Често го игнорираат вистинското салдо на сметката.
Стрелец
За Стрелците парите се средство за искуства, не за безбедност. Патувања, фестивали, авантури – тие се слаби на сè што им го шири хоризонтот. Наместо да штедат, ќе изберат авионски билет до некое ново место. За нив, живот без возбуда не вреди.
Близнаци
Близнаците се непредвидливи, и тоа се одразува и на нивните финансии. Брзо им здосадува сè, па така често купуваат работи кои веќе за неколку дена ги оставаат настрана. Постојано се во потрага по нови гаџети, мода или хобија – и тоа значи многу ситни трошоци кои на крај прават голема дупка во буџетот.
Вага
Вагите имаат слабост за убавина и естетика – од мода и дизајн, до козметика и гурмански задоволства. Иако обично купуваат квалитетни нешта, проблемот е што се неодлучни и често купуваат повеќе отколку што им треба. Тие веруваат дека животот треба да е балансиран – но често тој баланс ги чини скапо.