ПРВ.мк

Направете го дома: Мирис кој ги одбива комарците, а жените го обожаваат

Направете го дома: Мирис кој ги одбива комарците, а жените го обожаваат
Jumbo Banner

Мирисот на кокос може да ве спаси од комарци ова лето

Иако можеби сè уште е рано за вистинската борба со комарците, експертите советуваат дека е мудро навреме да започнеме со користење на препарати кои ги одбиваат овие здодевни инсекти. Еден од најефикасните природни начини, според новото истражување, е употребата на производи со мирис на кокос – сапуни, масла и лосиони.

Ако сте љубител на природна заштита од комарци, кокосот може да биде совршено решение. Истражувањето спроведено на Политехничкиот институт на Универзитетот во Вирџинија, под водство на д-р Клеман Виноже, открива дека мирисот на кокос делува одбивно врз комарците, додека одредени цветни и овошни мириси, напротив – ги привлекуваат.

– Кога користиме сапуни со цветни и овошни ноти, не само што мирисаме на својата природна кожа, туку и добиваме мирис што на комарците им е како комбинација од кафе и мафини – исклучително привлечен, објаснува д-р Виноже.

Истражувањето покажало дека ефектот на сапуните може да варира од личност до личност, најверојатно поради тоа што секој има различен природен мирис кој во комбинација со сапунот создава различен ефект.

– Интересно е што една иста личност, која вообичаено е „магнет“ за комарци, може да стане уште попривлечна ако користи еден тип сапун, но и целосно да ги одбие ако користи друг, додава Виноже.

Научниците заклучуваат дека изборот на сапун може да биде еден од клучните фактори зошто некои луѓе се секогаш мета на комарците, додека други поминуваат без ниту еден убод.

Затоа, пред летото, размислете за промена на вашата козметика – мирисот на кокос можеби е токму вашата природна заштита од комарци.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран