ПРВ.мк
Магазин

Овие 5 секојдневни навики се поопасни од пушењето – а ги практикуваме без да размислиме!

Овие 5 секојдневни навики се поопасни од пушењето – а ги практикуваме без да размислиме!
Escape

Додека сите знаеме дека пушењето убива, научниците алармираат: модерниот начин на живот крие и други, тивко смртоносни навики. Овие пет навики полека, но сигурно, го скратуваат животот – и многумина ги прават секој ден!

1. Осаменост – тивок убиец Истражувањата покажуваат дека осаменоста е штетна како да пушите 15 цигари дневно! Сè помалку вистински социјален контакт, сè повеќе виртуелна комуникација – резултатот е ризик од депресија, срцеви заболувања и пократок животен век.

2. Седење со часови Дури и ако вежбате, долгото седење (8+ часа дневно) го зголемува ризикот од рак, дијабетес и срцеви болести. Телото не е дизајнирано за статичност – а ние живееме „врзани за столче“.

3. Недостаток на сон Милиони луѓе патат од нарушувања на спиењето, а недоволниот сон го зголемува ризикот од мозочен и срцев удар речиси колку и пушењето. Без сон, телото не се регенерира, а мозокот страда.

4. Солариум – „контролирано“ сонце со неконтролирани последици Студиите покажуваат дека солариумот предизвикува повеќе случаи на рак на кожа отколку пушењето на рак на бели дробови! Убавиот тен доаѓа по висока цена.

5. Нездрава исхрана – бавна смрт во чинија Преработена храна, шеќери, заситени масти – секако вкусно, но смртоносно. Секоја лоша навика во исхраната е чекор поблиску до срцеви заболувања, дијабетес и рак.

👉 Пушењето можеби ја носи најголемата репутација – но овие 5 „нормални“ навики се еднакво опасни. Време е за будење!

Mia Home Mavrovo