Месечен хороскоп за мај: Огнените знаци добиваат шанса за голем пресврт
Овен
Овој месец ви се отвораат врати кон лична моќ и влијание. Ќе бидете во центарот на вниманието, а сè што ќе започнете – особено на полето на бизнисот и финансиите – има потенцијал да прерасне во нешто трајно. Нови соработки и познанства може да ви донесат клучни можности.
Лав
Време е да блеснете! Мај ви носи признание, зголемена самодоверба и можен финансиски пресврт. Вашата вредност конечно ќе биде препознаена, а кон крајот на месецот може да добиете неочекувана поддршка од влијателни луѓе или нови сојузници.
Стрелец
Мај носи стабилност на сите полиња: семејство, финансии и емотивен живот. Она што ќе го изградите сега ќе биде основа за долгорочна сигурност. Можно е започнување на заеднички живот, купување недвижност или голем чекор во врската.