Самотијата по 60-тата година го зголемува ризикот од смрт за дури 26 отсто
Долготрајната изолација и самотија во подоцнежните години од животот може сериозно да го загрози здравјето, а новите истражувања покажуваат дека тоа значително го зголемува и ризикот од прерана смрт. Според експертите, самотијата не е само емоционален товар, туку и сериозна закана за менталното и физичкото здравје.
Геронтологот Еди Елмер, во книгата „The Big 100: The New World of Super-Aging“, предупредува дека чувството на изолираност предизвикува „истрошеност на телото што со тек на време станува сè поизразена“.
Интернистот д-р Розен Лејпциг, авторка на книгата „Honest Aging: An Insider’s Guide to the Second Half of Life“, истакнува дека самотијата по 60-тата година од животот може да го зголеми ризикот од смрт за дури 26 отсто.
„Самотијата ја зголемува склоноста кон депресија и суицидални мисли. Од аспект на физичкото здравје, изолацијата е поврзана со зголемен ризик од срцеви заболувања, мозочен удар, па дури и деменција“, предупредува д-р Лејпциг.
Истражувањата уште еднаш потсетуваат на важноста од социјална вклученост и негување на меѓучовечки односи во зрелите години, не само како форма на психолошка поддршка, туку и како значаен фактор за одржување на здравјето и квалитетот на животот.