ПРВ.мк

Американски новинар пронајден мртов во Сирија – бил киднапиран во 2012 година

Американски новинар пронајден мртов во Сирија – бил киднапиран во 2012 година
Jumbo Banner

Американскиот новинар Остин Тајс, кој исчезна во Сирија во 2012 година, е пронајден мртов во северниот дел на земјата, потврдија израелските и американските медиуми. Неговите останки биле откриени во близина на Алепо, благодарение на заедничката потрага на американски и катарски тимови, со помош на сириските безбедносни сили. Според извори, поранешен припадник на Исламската држава укажал на локацијата каде што биле погребани Тајс и уште двајца други.

Тајс, поранешен маринец и слободен новинар, исчезна во август 2012 година додека известуваше за почетокот на сирискиот граѓански конфликт. Неколку недели по неговото исчезнување, објавенa беше видео-снимка на која се гледа како е врзан и со врзани очи, држан од вооружени лица. Сириската влада тогаш негираше дека го држи во притвор.

Неговото исчезнување предизвика глобална загриженост за безбедноста на новинарите во Сирија, која стана една од најопасните земји за новинарска работа. Во текот на изминатите години, неговото семејство и различни новинарски организации постојано бараа негово ослободување и побараа одговорност од сите страни во конфликтот.

Неговото пронаоѓање го затвора долгогодишниот случај.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран