Фејсбук статус на Петар Богојески – статусот ви го пренесуваме во целост:
ТИТО ДА БЕШЕ ЖИВ, денешните носталгичари по КГБ и следбеници на елементарни авторитарни култови како енвер оџа, одамна ќе беа соочени со последиците од своите идеолошки девијации — најверојатно на Голи Оток.
Но вистинскиот проблем не лежи само во нив, туку во дел од народот кој сè уште не може да разбере дека не е можно истовремено да се восхитуваш на југословенските вредности, а да проповедаш сталинизам. Тие две се идеолошки антиподи – како масло и вода – неспоиви по своја природа.
Во таа категорија спаѓа и примерот на Димитар Апасиев, кој низ годините шета низ политичкиот спектар: од ВМРО, преку шарената револуција, до носталгијата по Тито и конечно – сталинизам. Ваквото поведение не сведочи за доследна идеолошка борба за правда, туку за отсуство на вистински вредносен компас.
Димче е со Сталин и КГБ, значи е против Тито!
Тоа значи двајцава ќе ги сместеше на Голи Оток по брза постапка!
Овие не се левичари на Тито, овие се ловци на кеш, измеќари на ДУИ, сталинисти – марксисти како што знае да се претстави газдата им Аљи!