Љубителите на најпознатиот крем на светот, подгответе се за гастрономски земјотрес! По цели шест децении строга традиција и недопирлив рецепт, италијанскиот гигант „Фереро“ реши конечно да ја прекрши тишината. За првпат од далечната 1964 година, на полиците пристигнува нешто што никој не веруваше дека ќе го види: Нутела со кикирики!
Новата варијанта, крстена едноставно „Nutella Peanut“, е храбар спој на класичната база од какао и лешници со интензивен вкус на печени кикирики. Ова не е само обичен додаток, туку прва вистинска трансформација на вкусот во историјата на брендот. Компанијата конечно им подлегна на долгогодишните молби на фановите и се повеќе растечкиот тренд на путер од кикирики кој доминира на глобалниот пазар.
„Ова е одговор на барањата на потрошувачите кои со децении сонуваа за оваа комбинација,“ велат од Фереро.
Додека едни со нетрпение чекаат да ја пробаат оваа кремаста револуција, пуристите се во паника – дали кикириките ќе го „убијат“ препознатливиот дух на лешникот? „Фереро“ ветува дека искуството ќе биде истовремено ново, но и препознатливо „нутела-вски“.
По 60 години верност на еден ист вкус, светот на десертите веќе никогаш нема да биде ист. Дали сте подготвени да ја замените класиката со новиот „кикирики“ хит или Нутела за вас е само една и единствена? Продажбата само што не започнала!









