ПРВ.мк
Магазин

Научниците шокирани: Што навистина му се случува на мозокот кога постојано користиш ChatGPT?

Научниците шокирани: Што навистина му се случува на мозокот кога постојано користиш ChatGPT?
Kristal

Истражување што доаѓа од Massachusetts Institute of Technology (MIT) ги вознемири научната и технолошката јавност откако за првпат беше анализирана мозочната активност на луѓе кои редовно користат ChatGPT. Со помош на EEG-скенирање, научниците откриле дека честото потпирање на генеративна вештачка интелигенција при пишување може сериозно да влијае врз менталниот ангажман.

Во четиримесечната студија учествувале 54 испитаници, поделени во три групи: едни пишувале есеи со помош на ChatGPT, други користеле класични интернет пребарувачи, додека третата група работела без никакви дигитални алатки. Анализите покажале дека корисниците на AI имале значително пониска мозочна активност, особено во зоните поврзани со креативноста, меморијата и фокусот.

Најзагрижувачкиот податок се однесува на помнењето – повеќе од 80% од оние што користеле ChatGPT не можеле да се сетат на ниту една сопствена реченица само неколку минути по завршување на задачата. За разлика од нив, учесниците кои пишувале самостојно покажале далеку подобра ментална вклученост.

Дополнителен експеримент открил уште еден феномен: дури и кога корисниците на AI биле принудени повторно да пишуваат без алатки, нивниот мозок останал „пасивен“. Овој ефект истражувачите го нарекле „когнитивен долг“ – навика на намалено размислување што може да трае и по исклучување на технологијата.

Иако станува збор за прелиминарна студија, резултатите отвораат сериозно прашање: дали вештачката интелигенција ни помага да бидеме попаметни – или нè учи да размислуваме помалку?

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo