ПРВ.мк
Магазин

На адресата на Карлеуша пристигна подарок од 20.000 евра: Се шпекулира дека е од Душко

На адресата на Карлеуша пристигна подарок од 20.000 евра: Се шпекулира дека е од Душко

Јелена Карлеуша го прослави својот 48. роденден во кругот на семејството и најблиските пријатели, но вниманието на јавноста го привлече еден исклучително скап подарок што пристигнал на адресата на нејзината вила на Дедиње.

На роденденот на пејачката пристигнувале бројни букети и подароци, а меѓу нив особено се издвојувала луксузна „Биркин“ чанта од францускиот моден бренд „Хермес“.

Според српските медиуми, станува збор за модел „Биркин 35“ во коралноцрвена боја, чија вредност се проценува на околу 20.000 евра.

Кој го испратил скапиот подарок засега не е познато, но тоа било доволно за во српската јавност да започнат шпекулации дека зад изненадувањето можеби стои нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ.

Дополнително внимание привлече фактот што Тошиќ присуствувал и на роденденската прослава на Карлеуша.

Нивното заедничко појавување повторно ги поттикна приказните за односот меѓу поранешните сопружници, иако самата Карлеуша неодамна објасни дека тие одржуваат добри односи пред сè поради нивните деца.

Засега нема потврда дека токму Тошиќ ја подарил луксузната чанта, па неговата поврзаност со подарокот останува само шпекулација.