Драматична снимка од катастрофалните поплави во Непал се прошири на социјалните мрежи и го привлече вниманието на јавноста ширум светот.
На видеото се гледа огромна водена стихија која со огромна сила носи кал, урнатини и сè што ќе ѝ се најде на патот, додека неколку луѓе стојат на балконот од куќа опкружена со вода.
Снимката е направена во пограничниот регион меѓу Непал и Тибет, еден од најтешко погодените делови од катастрофата. Додека водата го менува целиот простор околу објектот, самата куќа успева да остане исправена.
Најголемото прашање по ширењето на видеото било што се случило со луѓето кои се гледаат на балконот. Според информациите што подоцна се појавиле, семејството преживеало, а објектот го издржал силниот налет.
Токму поради тоа, снимката предизвика илјадници реакции на социјалните мрежи, каде дел од корисниците коментираат дека инженерите и градителите на куќата „заслужуваат медал“.
Во меѓувреме, последиците од катастрофата во хималајскиот регион продолжуваат да се зголемуваат. Според податоците наведени во извештаите од петокот, во Непал се пријавени стотици загинати, додека голем број луѓе сè уште се водат како исчезнати. Бројките се менуваат како што спасувачките екипи стигнуваат до претходно отсечените области.
Потрагата продолжува низ огромни количества кал и урнатини, а дополнителна опасност претставуваат нестабилните наноси и новоформираните езера. Во областа Расува дел од спасувачките операции биле привремено запрени поради опасност од ново излевање.
Непалската војска успеала да стигне и до тунел на хидроенергетски проект кој претходно бил отсечен поради поплавите, каде биле пронајдени голем број работници и локални жители.
Катастрофалните поплави го погодија хималајскиот пограничен регион на 26 август, оставајќи зад себе уништени населби, патишта и мостови.
Видео:







